Поранешен советник на Камала Харис: Mоже да биде одличен претседател, но не е совршена

Сподели со своите пријатели

Џил Дуран, поранешен советник на Камала Харис, која работеше со американскиот потпретседател и можен демократски кандидат за претседател кога беше државен обвинител на Калифорнија, зборуваше за неа за Би-Би-Си.

Loading...

„Метеорскиот подем на Камала Харис“

Опишувајќи ги нејзините силни страни, Дуран вели дека Харис имала „метеорски пораст во политиката“ и дека е пример за жените и обоените луѓе во политиката.

Но, таа вели дека Харис не е совршен кандидат.

„Таа водеше прилично лоша кампања во 2020 година и се откажа пред прелиминарните избори на Демократската партија. Имаше проблем да го задржи персоналот и да ги артикулира своите вредности во дебатите“, вели Дуран.

„Мислам дека таа има потенцијал да биде одличен претседател, таа ги отелотворува надежите и аспирациите на многу Американци. Токму сега ќе дознаеме дали таа е способна за тоа“, рече Дуран.