Единаесет лица загинаа, а 30 се водат како исчезнати откако утринава делумно се урна мост на автопат во северозападната кинеска провинција Шанкси поради поплави, соопштија локалните власти.
Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на сеопфатни напори за спасување по уривањето на мостот што доведе некои возила во реката, објави новинската агенција Ксинхуа.
11 Dead After Bridge Collapse In China
After flash floods hit local infrastructure in Shangluo City in northwest China’s Shaanxi Province, a bridge gave way Friday night sending vehicles tumbling into raging waters.
Rescue ops are continuing. (Xinhua) pic.twitter.com/WJ21aKeaZn
— RT_India (@RT_India_news) July 20, 2024
Си рече дека Кина е во критичен период во врска со поплавите и дека локалните власти мора да преземат одговорност за подобрување на мониторингот и рано предупредување.
Кинеската Национална управа за пожари и спасување утринава соопшти дека испратила спасувачки тим кој вклучува 859 лица, 90 возила, 20 чамци и 41 беспилотно летало.
Според информациите, спасувачите досега извлекле пет возила кои паднале во реката.
Мостот, кој се наоѓа во областа Јашуи во градот Шанглу, се урна откако обилните врнежи предизвикаа поројни поплави, според локалните власти.
🚨🇨🇳 BREAKING: BRIDGE COLLAPSE KILLS AT LEAST 11 IN CHINA
Flash floods just caused the collapse of a highway bridge in the central Chinese city of Shangluo.
Rescue teams have recovered 5 vehicles that fell into the river so far.
Source: @Rawsglobal pic.twitter.com/QeUeJ8rzRo
— Alex Kennedy (@therealmindman) July 20, 2024