Кумановка го запуштила своето новороденче и го довела до неухранетост

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишна кумановка се сомничи дека го запоставила своето новороденче и со негрижа го довела до неухранетост.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(23) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, пријавената, од рааѓањето на нејзиното дете на 12.12.2023 ја запоставила својата родителска должност, со денови го оставала нејзиниот неколкумесечен син без родителска грижа, одбила болничко лекување и го довела во состојба на неухранетост.

Никола Ивановски