Шеесет и деветгодишната Сања Цаневска од Скопје е пријавена за исчезната од нејзиниот брат од Куманово.
Loading...
– На 09.07.2024 година во 22.30 часот во СВР Куманово, Т.Ц. (64) од Куманово пријавил дека од домот во Скопје се оддалечила неговата сестра С.Ц.(69), информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Сања има здравствени проблеми, а од домот во близина на Железничката станица во Скопје се одалечила околу 20 часот.
Доколку некоја ја види или препознае да го извести семејството на тел. број 076/608 312 или во најблиската полициска станица.
Од СВР Куманово велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Никола Ивановски