Кумановец ја тепал малолетната сопруга, кривична доби и нејзиниот татко

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец доби две кривични пријави за напад врз малолетната сопруга со која живеел вонбрачно.

Loading...

Кривична пријава доби и таткото на малолетната жртва, кој пак дозволил неговото дете да живее во вонбрачна заедница.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Р.(25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“, додека против Е.А.(45) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „вонбрачен живот со дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат оттаму, на 25.06.2024 првопријавениот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата малолетна вонбрачна сопруга.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе локации низ Куманово

– Второпријавениот, кој е татко на малолетничката, дозволил неговата малолетна ќерка да живее во вонбрачна заедница со првопријавениот, стои во соопштението.

Никола Ивановски