Владата на Соединетите Американски Држави денеска ѝ одобри втор заем од две милијарди долари на Полска како странско воено финансирање за зајакнување на источното крило на НАТО алијансата.
Полска презема голема програма за модернизација на војската, вклучително и купување на американска одбранбена опрема како што се авиони Ф-35, ракетни системи Патриот и борбени тенкови Абрамс, соопшти Стејт департментот.
Полска во моментов троши четири отсто од БДП за одбрана, што е повеќе од сите членки на НАТО.
Средствата од заемот дополнително ќе помогнат во напорите на Полска за модернизација на армијата, се наведува во соопштението.