Кумановец пронашол неексплодирана минофрлачка мина

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец пријавил дека пронашол експлозивна направа додека со багер рушел помошна просторија во село Грушино.

Loading...

– На 07.07.2024 во 14.40 часот во СВР Скопје, Ќ.М.(40) од Куманово пријавил дека во неговиот двор во с.Грушино, додека со багер рушел помошна просторија, пронашол една неексплодирана  направа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, при подигање на направата, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје, било констатирано дека станува збор работи за минофрлачка мина 88 мм.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе локации низ Куманово