Две лица прободени со нож пред кафуле во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишен С.А. и дваесет годишниот Љ.Ш. жители на селото Oризари се здобиле со тешки телесни повреди откако биле прободен со нож, по физичка расправија која вчера околу 13 часот се одвивала пред кафуле лоцирано на улицата „11-ти Ноември“.

Физичка пресметка настанала помеѓу С.А. (22) и Љ.Ш. (20), двајцата од селото Оризари и петнаесетгодишник од селото Слупчане, од една страна и неколку непознати лица исто така од селото Слупчане, од друга страна, при што едно лице извадило нож и му нанело повреди на С.А. во пределот на главата, а Љ.Ш. го повредил на десниот лакт.

Повредените биле пренесени во болницата во Куманово, од каде поради сериозноста на повредите С.А. е пренесен во Клинички центар Скопје, а Љ.Ш. по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи – Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.