Кумановец ја нападнал сопругата и нејзината ќерка

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец бил приведен по пријава дека ја нападнал својата сопруга и нејзината ќерка.

Loading...

– На 08.07.2024 година во 03.10 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Б. (29) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата сопруга и нејзината ќерка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, И.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски