Кумановец нападнал сограѓанин, а полицијата дома му пронашла дрога

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишен кумановец бил приведен откако нападнал сограѓанин, а потоа полицијата дома му пронашла марихуана и вага.

Loading...

– На 07.07.2024 година во 12.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Д.З. (37) од Куманово, затоа што физички го нападнал Б.Ј. (39), а подоцна, при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и дигитална вага, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, Ф.Д.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски