Кумановец го ангажирале да чува овци, а тој ги препродавал

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека ги продавал овците за кои бил ангажиран да се грижи.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(62) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што објаснуваат од МВР, кој бил ангажиран како овчар од Г.А., во период од 16.06.2024 до 18.06.2024 година со товарно возило во с.Алгуња, натоварил 127 овци, кои ги продавал во Скопје и Тетово, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми

Никола Ивановски