Советниците на Трамп се надеваат дека Бајден ќе остане во трката

Сподели со своите пријатели

Советниците на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се надеваат дека актуелниот претседател и демократски кандидат Џо Бајден ќе остане во трката, но размислуваат и за алтернативни сценарија.

Loading...

Трамп и членовите на неговиот тим се надеваат дека претседателот Бајден ќе остане во трката, според четворица запознаени со приватните разговори, верувајќи дека можат да го победат дури и со кривичните и другите обвиненија на Трамп кои се во тек, пишува Вашингтон пост, додавајќи дека сепак, членовите од тимот на Трамп, исто така, почнаа да се подготвуваат за различни можности и веруваат дека ќе биде потешко да се победи друг демократ освен Бајден или Харис.

Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли гласините дека има намера да се откаже од кандидатурата за претстојните избори и посочи дека е подготвен да победи во ноември, пренесува Танјуг.

„Дозволете ми да го кажам ова најјасно што можам: трчам, никој не ме тера. Јас не си одам. Во оваа трка сум до крај и ќе победиме“, рекол претседателот, пренесува АП.