Тепачка меѓу татко и син во Куманово, двајцата во болница

Сподели со своите пријатели

Татко и син од Куманово завршија во болница по физичка пресметка во која употребувале и остар предмет.

Loading...

– На 03.07.2024 година во 10.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во населбата „Иго Тричковиќ“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу татко и син, во која бил употребен и остар предмет, информираат од полицијата.

Како што додаваат од СВР Куманово, двајцата со повреди биле пренесени во Општа болница Куманово.

Полициските службеници се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Неофицијално, поради сериозноста на повредите едното лице е транспортирано на една од скопските клиники.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во Куманово, пронајдена дрога

Никола Ивановски