Британец со „вампирска болест“: Не може да оди на сонце, веднаш почнуваат страшни болки

Сподели со своите пријатели

Неговата болест е колоквијално позната како „вампирска болест“. Тој вели дека има третмани кои би му помогнале подолго да издржи на сонце, но неговото здравствено осигурување не ги покрива…

Loading...

„Страдам од еритропоетска протопорфирија. Тоа е ретко генетско пореметување кое ја спречува кожата да биде изложена на сонце.

Ова нарушување предизвикува оштетување на црниот дроб кај некои пациенти, вклучувајќи ме и мене.

Накратко, да ви објаснам, ако сум директно изложен на сонце повеќе од две-три минути, почнуваат неподносливи болки кои траат една недела…

Кога сум во таа состојба, не можам да се облечам, не можам да пијам. Не можам да јадам, не можам да поднесам да се запали светлото во собата“, ја започна својата исповед на Редит анонимен Британец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неуралинк во Канада доби дозвола да имплантира мозочни чип кај пациенти

 

 

Loading...

Неговата болест е колоквијално позната како „вампирска болест“.

Тој вели дека постојат третмани кои му помагаат да издржи подолго на сонце, но неговото здравствено осигурување не ги покрива.

За да функционира нормално, мора да носи ракавици и специјални прекривки за лице.

– Купувам онлајн и избегнувам да излегувам преку ден, освен ако не е итен случај – напишал овој Британец и додал:

– Знам дека болеста ја нарекуваат „вампирска“, мислам дека луѓето кои страдале од ова во минатото доведоа до митот за вампирите.

Тој вели дека во минатото имал проблеми со работодавците кои барале да дојде во канцеларија, но сега веќе осум години е на истото работно место и вели дека му излегуваат во пресрет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не прислушкуваат ли телефоните? Направете го овој тест и ќе го добиете одговорот!

– Не морам често да одам на работа, не морам да одам на работа во текот на летото кога сонцето е најлошо – напиша тој на Редит.

Дење работи во ИТ секторот, а навечер пишува технички книги.

Loading...

Тој вели и дека обичните прозорци не го штитат од сонце, па мора да купи специјални прозорци.

– Поради негативните реакции на луѓето, понекогаш не сакам да излезам од дома. Ме плукаа, ме навредуваа, ми ги ставаа работите во лице… Некои мислат дека тоа го правам од религиозни причини – напиша овој Британец кој доби голема поддршка од заедницата на Редит.

Корисниците се надеваат дека ќе продолжи да известува за неговата состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не прислушкуваат ли телефоните? Направете го овој тест и ќе го добиете одговорот!