Германија урива рекорди во извозот на оружје

Сподели со своите пријатели

Две третини од германскиот извоз на оружје биле наменети за Украина во првата половина на 2024 година, покажуваат податоците на Министерството за правда, пренесува агенцијата Танјуг, повикувајќи се на украински медиуми.

Loading...

Германскиот извоз на оружје достигна рекордно ниво втора година по ред, најмногу поради обезбедувањето воена помош за Украина, пишува Укринформ.

Од 1 јануари до 18 јуни германската влада го одобри вкупниот извоз на оружје во вредност од најмалку 7,48 милијарди евра, што е за 30 отсто повеќе отколку во првата половина на 2023 година.

Милијарди евра помош

Во исто време, приближно 65 отсто од извозот во вредност од 4,88 милијарди евра беа наменети за помош за Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Меркел: Војната во Украина ќе почнеше уште порано доколку Киев влезеше во НАТО во 2008 година

Во 2023 година германскиот извоз на оружје достигна рекордни 12,2 милијарди евра, а во овогодишниот буџет се планирани повеќе од 7,1 милијарди евра за воена помош за Киев, наведуваат агенциите.