Цената на нафтата порасна, еврото зајакна во однос на доларот

Сподели со своите пријатели

Европските берзански индекси пораснаа денеска, американските индекси паднаа, додека нафтата порасна на светските берзите.

Loading...

Еврото зајакна во однос на доларот по првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција, бидејќи десничарската партија Национален митинг победи со помала разлика отколку што предвидуваа некои анкети, пренесува Ројтерс.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.434,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.216,65 поени, францускиот CAC 40 на 7.673,56 поени, а московскиот MOEX на 3.164,13 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 39.118,86 поени, индексот S&P 500 на 5.460,48 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.723,83 поени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Албанес: Социјалните мрежи ќе мора да ги уништат личните податоци на помладите корисници

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 82.167 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.646 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 34,455 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.325,11 долари за унца, а на пченицата на 5,5758 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07669, што е за 0,51 отсто повисока од петокот.

Loading...