САД го критикуваа новиот унгарски закон како антидемократски

Сподели со своите пријатели

САД денеска го критикуваа новиот унгарски Закон за суверенитет, оценувајќи го како антидемократски, откако Унгарската Канцеларија за заштита на суверенитетот покрена истрага против две антикорупциски тела.

Loading...

„Обидот на унгарската влада да ги вознемирува, заплашува и казнува независните организации е спротивен на принципите на демократско владеење вкоренети во владеењето на правото“, се вели во соопштението на Стејт департментот, пренесува Ројтерс.

Законот, кој беше усвоен во декември 2023 година, забранува странско финансирање на партии или групи кои се кандидираат на избори, а кршењето на законот се казнува со затвор до три години, наведува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  WSJ: ЦИА нуди пакети за отпремнини на вработените во согласност со политиката на Трамп

Канцеларијата за заштита на суверенитетот во вторникот започна истрага против унгарската антикорупциска организација Транспаренси интернешнал (ТИ) и онлајн истражувачката куќа Atlatszo.hu, која се фокусира на корупцијата.

Законот беше критикуван од американскиот Стејт департмент, како и од експерти за уставно право од Советот на Европа, кои оценија дека може да има „застрашувачки ефект“ врз слободната и демократска дебата во Унгарија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги негираше обвинувањата за поткопување на демократијата по усвојувањето на споменатиот закон.