Избрани нови лидери на европските институции

Сподели со своите пријатели

Лидерите на земјите-членки ја завршија средбата на врвот со договор за кадровски крстозбор за водечки позиции во европските институции за следниот институционален циклус.

Loading...

Тие ја предложија актуелната претседателка Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската комисија, поранешниот португалски премиер Антонио Коста за претседател на Европскиот совет со мандат од две и пол години, а Каја Калас за висок претставник за надворешна и безбедносна политика.

Претседателката на Европската комисија допрва треба да биде потврдена од Европскиот парламент со супермнозинство, односно да добие најмалку 361 од 720 гласови на претставници.

Европскиот парламент ќе гласа за високиот претставник за надворешна и безбедносна политика како пакет кога ќе се одлучува за новиот состав на Комисијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија во страв од враќањето на Асма ал Асад, се бара забрана за влез

Изборот на претседател на Европскиот совет е исклучива одговорност на лидерите на земјите-членки, а Парламентот нема овластување во овој поглед.

За целиот пакет гласаа 25 лидери, додека италијанскиот премиер Џорџa Мелони гласаше против Коста и Калас и се воздржа од гласање за фон дер Лајен.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан гласаше против фон дер Лајен, воздржан za Калас, додека гласаше за Коста.

Лидерите на ЕУ усвоија и стратешка агенда, работна програма за следните пет години.

Loading...

На почетокот на самитот специјален гостин беше украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого Европската унија потпиша низа договори за безбедносни прашања.