Северна Кореја испраќа војници да се борат во Украина

Сподели со своите пријатели

Иако соработката меѓу рускиот и севернокорејскиот лидер е веќе добро познат факт, проблем на оваа алијанса е и фактот што Северна Кореја би можела да ѝ отвори можност на Кина да ѝ помогне на Москва без никакви санкции од Западот.

Loading...

Веќе следниот месец севернокорејските војници треба да пристигнат на тлото на Украина за да ѝ покажат поддршка на Русија во војната, објави Пјонгјанг оваа недела, само неколку дена по посетата на рускиот лидер Владимир Путин на главниот град на Северна Кореја.

По тој повод, двете земји потпишаа и договор со кој се обврзуваат на взаемна воена помош во случаи на војна или инвазија на нивните земји, што севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го искористи за испраќање војници во Европа, пишува Вечерњи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Калас: „ЕУ е подготвена да ја води воената помош за Украина доколку САД одбијат“

Севернокорејските војници треба да пристигнат да им помогнат на Русите во Доњецк, веќе во јули.

Досега Северна Кореја веќе ѝ помогна на Русија со речиси два милиони парчиња муниција, ракети за неколку ракетни системи и наводно неколку балистички ракети.

И покрај веќе добро познатата соработка меѓу овие двајца лидери, испраќањето војници ќе биде нов чекор што ги натера експертите да се запрашаат – дали тоа значи и можна ескалација на конфликтот?

„Да бев одговорен за воениот персонал на Северна Кореја, ќе ги преиспитав своите одлуки да ги испратам моите сили како топовско месо во нелегалната војна против Украина – видовме какви загуби ги имаат руските сили“, портпаролот на Пентагон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп Џуниор: Пожарникарската служба на Лос Анџелес донираше куп од своите залихи на Украина!

Пат Рајдер веќе коментираше на прашањето дали заминувањето на војниците значи нивна сигурна смрт, пишува Kyiv Post.

Loading...

Меѓутоа, проблемот е многу поголем – ваквата соработка меѓу Русија и Северна Кореја ја отвора вратата за можноста Кина да ги избегне санкциите и сепак да ѝ помогне на Москва во конфликтот во Украина.

Токму тоа го објасни поранешниот руски пратеник Илја Пономарев за британскиот „Дејли експрес“.

„Северна Кореја е еден од клучните партнери на Русија, а причината поради која станаа таков партнер е тоа што тие дејствуваат како мост меѓу Кина и Русија. Всушност, целата воена опрема што се испорачува од Северна Кореја е развиена од Кинезите. Кина е внимателна да не наиде на секундарни санкции на САД, но Северна Кореја не е во опасност, така што нема проблем Кинезите да им помогнат на Севернокорејците, а потоа и на Севернокорејците да тргуваат со Русија и да имаат корист од тоа и финансиски и во однос на воениот развој, објасни тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп рече дека се подготвува да се сретне со Путин: „Тој сака да се сретнеме“