Во Пакистан стотици лица починаа од жештината

Сподели со своите пријатели

Стотици луѓе починаа во јужен Пакистан под влијание на многу високи температури, кои не стивнуваат со денови, соопштија властите.

Loading...

Во текот на претходните шест дена, возилата на брзата помош собраа 568 тела во Карачи, а само во вторникот 141.

Вообичаено е мртовечниците да примаат од 30 до 40 тела во еден ден.

Зголемувањето на бројот на смртни случаи следеше кога температурата во Карачи се искачи над 40 степени, со висока влажност.

Според извештаите, максималната измерена температура достигнала и до 49 степени.

Граѓанската болница во Карачи примила 267 лица со топлотен удар во периодот од неделата до средата, изјави д-р Имран Сарвар Шеик, шеф на одделот за итни случаи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почина „најскромниот претседател“. Светот се простува од Хозе Мухика!

Дванаесет од нив починале.

„Повеќето од луѓето кои дојдоа во болница беа на 60-тите или 70-тите години, а имаше и помлади од 45 години, па дури и неколку во дваесеттите“, рече Шеик.

Loading...

Симптомите на топлотен удар вклучуваат повраќање, дијареа и висока температура.

„Многу од оние што ги примивме работеле надвор. Им рековме да се грижат да пијат многу вода и да носат лесна облека на овие високи температури“, додал овој лекар.

Висока температура, опишана од еден метеоролог како „делумен топлотен бран“, го зафати Пакистан минатиот викенд.

Затоа се отворени центри и кампови каде граѓаните можат да се освежат.