Општина Куманово: Граѓаните кои претрпеле штети од невремето да поднесат барање

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово денеска ги известува граѓаните да поднесат известување и барање за надомест на штета по вчерашното невреме кое го зафати градот.

Loading...

– Се известуваат граѓаните на територија на општина Куманово дека поради обилните врнежи од дожд и невреме, сите граѓани кои имаат претрпено штети, треба да го известат Општинскиот штаб за заштита и спасување со поднесување на Барање за каков вид на штета се работи, информираат од локалната самоуправа.

Граѓаните кои претрпеле штети известувањата и барањата може да ги поднесат преку архива на Општината, или да се информираат на телефонскиот број за контакт 075/273-192.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26-годишен кумановец физички нападнал полицаец

Никола Ивановски