САД му дале на Израел помош од 6,5 милијарди долари од почетокот на војната

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави му дале на Израел 6,5 милијарди долари помош од почетокот на војната на Блискиот Исток на 7 октомври, објави денеска Вашингтон пост, повикувајќи се на неименуван висок функционер во администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Loading...

– Ова е огромен, масивен потфат – рече функционерот и додаде дека само минатиот месец на Израел му била укажана половина од споменатата помош, пренесува Ал Џезира.

„Вашингтон пост“ објави дека функционерот ја открил сумата за помош за да ја покаже длабочината на американската поддршка за Израел поради обвинувањата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Вашингтон го задржува оружјето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

Официјалниот претставник рече дека бројките биле споменати во разговорите меѓу високи претставници на Белата куќа и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант оваа недела во Вашингтон.