Путин: Заканите кон Русија мора да се сфатат сериозно

Сподели со своите пријатели

Заканите кон Русија мора да се сфатат сериозно, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека мора да има планови за адекватни одговори на заканите.

Loading...

Тој посочи дека е неопходно да се зајакнат руските вооружени сили и морнарица, пренесува РИА.

– Сите го разбираме зголемениот степен на геополитичка тензија во современиот свет, редовно слушаме закани против Русија од владејачките кругови на голем број земји, па дури и гледаме конкретни активности за спроведување на овие закани. Секако, ова мора да се сфати максимално сериозно, да се пресметаат сите можни ризици и да се планираат адекватни одговори, а нашите вооружени сили и морнарица да се зајакнат – рече Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ноќен руски напад со дронови и ракети врз Киев. Најмалку едно лице загина

Тој посочи дека е неопходно да се заштити флотата од ракетни напади со долг дострел.

– Неопходно е да ја заштитиме нашата флота од можни напади веќе на далечните приоди до поморските бази и областите на дејствување на нашите бродови – рече претседателот на Русија.