Полицијата барала кумановец со потерница, а тој дома ја тепал сопругата

Сподели со своите пријатели

Педесет и седумгодишен кумановец бил приведен вчера откако физички ја нападнал вонбрачната сопруга, додека во меѓувреме бил баран со потерница.

Loading...

– На 25.06.2024 во 22.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(57) од Куманово, затоа што во семејната куќа во Куманово физички ја нападнал неговата вонбрачна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, М.С (57) бил баран со централна потерница за доиздржување казна затвор за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе локации низ Куманово

Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Никола Ивановски