Над 100 затворенички од затворот во Идризово од денеска започнуваат штрајк со глад, откако претседателот Иванов ги одби нивните барања за помилување кои во текот на минатата недела беа доставени до неговиот кабинет.
Нивните барања беа одбоени од страна на првиот човек на државата, по што беа упатени да поднесат молба, но тоа да го направат преку судот што им ја изрекол истата пресуда.
Уште 2.000 барања за помилување беа испратени до кабинетот на Иванов, кои се уште чекаат одговор, но најверојатно и тие ќе бидат одбиени со образложение дека не може да постои групно помилување, па истите ќе бидат упатени барањата да ги пратат исто така преку судовите.
Loading...