Хамас: Најмалку 24 Палестинци загинаа во воздушни напади врз градот Газа

Сподели со своите пријатели

Израелските сили рано утринава убиле најмалку дваесет и четворица Палестинци во три одделни воздушни напади врз градот Газа, соопштија претставници на палестинската милитантна група Хамас.

Loading...

Според овој извештај, двата напада погодиле две училишта во градот Газа, при што загинале најмалку 14 лица.

Во друг напад на куќа во кампот Шати, еден од осумте бегалски кампови во Појасот Газа, загинаа уште десет лица, пренесува Ројтерс.

Куќата во Шати му припаѓала на поширокото семејство на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханија, кој живее во Катар, а во нападот била убиена една од неговите сестри заедно со други роднини, членови на семејството и претставници на Хамас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку две лица загинаа во напад на израелски дронови во близина на Газа

Израелската војска соопшти дека нејзините сили целеле на милитантите во градот Газа во текот на ноќта, кои биле вклучени во планирањето напади врз Израел.

„Терористите на Хамас кои учествуваа во нападот на 7 октомври и кои беа вклучени во земање заложници беа цел на воздушни напади во текот на ноќта во градот Газа“, се вели во соопштението на израелската војска.

Израелската војска соопшти дека нејзините воени авиони погодиле две згради во кампот Шати во градот Газа и населбата Дарај, кои според неа биле користени од Хамас.

Не е познато која од сестрите на Ханија е убиена во денешниот напад, објави претходно The Times of Israel.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел во недела гласа за забрана на истакнување на палестинското знаме

Во април, Израел уби тројца од синовите на Ханија, заедно со четворица негови внуци – три девојчиња и едно момче, соопшти Хамас.

Израел наведува дека синовите на Ханија кои биле убиени биле оперативци на Хамас.

Полицијата во Израел уапси една од сестрите на Ханија претходно оваа година, израелска државјанка која живее во Тел Шева на југот на земјата.