Во конкуренција од 22 средни училишта од Република Македонија, учениците од СОУ „Перо Наков“ го освоија првото место на Образовното рандеву благодарение на одличната изведба на претставата „Госпоѓа министерка“.
Loading...
Образовното рандеву се одржа на 22 и 23 овој месец во СЕТУГС „Михајло Пупин“ во Скопје. Наградата лично ја примија учениците актери во претставата заедно со своите ментори.
Воедно учениците и менторите најавија трета по ред претставата која на 6-ти мај ќе се одигра на сцената на кумановскиот театар.