Најстарата натпреварувачка за Мис Тексас има 71 година

Сподели со своите пријатели

Изборите за мис се одвиваат во земјите ширум светот, но една дама привлече посебно внимание и ги освои срцата на публиката кога се појави на изборот во Тексас.

Loading...

Имено, Мариса Теихо има 71 година и фигура украсена со мускули, а оваа година желна за ново искуство сакаше да си ја проба среќата на натпреварот „Мис Тексас САД“.

Ова е уште еден резултат на многуте нови реформи во светот на натпреварите за ласкави титули, кога ја укинаа старосната граница.

Сведоци сме дека се се менува, а исто така и нашиот поглед на убавината. Се повеќе се зборува за внатрешната убавина, желбата да се подигне самодовербата кај жените од сите облици, возрасти, религии и националности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Човекот кој со калашников дошол на 400 метри од Трамп давал интервјуа за светските медиуми

Така, гледаме дека откажаните правила од организацијата Мис Универзум придонесоа да се појават жени како овогодинешните победнички на Мис Германија и Мис Алабама, кои им пркосат на претходните „стандарди за најубава жена“ на земјата, светот, универзумот…

 

 

Loading...

– Пресреќна сум и поласкана што можам да бидам дел од ова интересно натпреварување – им порачала Мариса во неколку наврати на своите следбеници на „Инстаграм“.

Во Хјустон ќе се натпреварува со уште 100 жени од различни градови, а победничката ќе се пласира во финалето за титулата Мис на САД, кое ќе се одржи на 4 август во Лос Анџелес.

Мариса ја користи оваа прилика да испрати порака до сите жени – дека никогаш не е доцна да ги исполните сопствените соништа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: А што ако атентаторот на Трамп работел за режимот во Киев?

– Мислам дека сите жени сега имаат нови можности, различни сили и различна убавина – вели таа, пренесува „NYPost“.