Ројтерс: Русија започна со ажурирање на нуклеарната доктрина

Сподели со своите пријатели

Русија веќе почна да ја ажурира својата нуклеарна доктрина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Пексов, а пренесува Ројтерс.

Loading...

Според агенцијата, Песков се повикал на претходната изјава на Путин, кога рускиот претседател за време на посетата на Виетнам изјавил дека Москва размислува за можни промени во нуклеарната доктрина.

„Претседателот Путин рече дека се работи на усогласување на доктрината со сегашните реални околности“, рече Песков.

Покрај тоа, Путин ги објави плановите за понатамошен развој на нуклеарната тријада на состанокот со дипломирани студенти на воените универзитети минатата недела.

„Нашите планови вклучуваат понатамошен развој на нуклеарната тријада како гаранција за стратешко одвраќање и одржување на рамнотежата на силите во светот“, рече Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Патрушев: Западот се обидува да го изолира Калининград од остатокот на Русија што е можно повеќе