Во Министерството за внатрешни работи, денеска беше извршено примопредавање на должноста министер, функција која ќе ја извршува Панче Тошковски.
Loading...
Досегашниот министер Назим Буши ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот министер Тошковски, кој беше и министер за внатрешни работи во техничката влада.
На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Буши за неговиот досегашен ангажман во министерството.