Американските власти го отстранија мистериозниот монолит: Се наоѓа на тајна локација!

Сподели со своите пријатели

Американските власти отстранија необичен монолит кој се појави на планинскиот венец во близина на Лас Вегас.

Loading...

Се уште не се знае кој и зошто го ставил таму.

„Засега не е познато како предметот стигнал до локацијата или кој е одговорен за тоа“, соопшти во петокот полицијата во Лас Вегас.

Монолитот е висок речиси два метра.

Да потсетиме, минатиот викенд во пустината Невада се појави мистериозен монолит.

Структурата била забележана од полицијата во Лас Вегас за време на мисија за пребарување и спасување северно од долината Лас Вегас, пишува CNN.

„Гледаме многу чудни работи, но погледнете го ова! Како се појави таму? соопшти полицијата на социјалните мрежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шумските пожари во Шпанија уништија речиси 115.000 хектари

Висока, правоаголна, рефлектирачка структура беше забележана во близина на Гас Пик, област за пешачење во пустината Невада.

Loading...

Мистериозен објект

Монолитот наликува на други слични мистериозни објекти кои се појавија низ светот во 2020 година.

Исто така, има сличности со оној од култниот научно-фантастичен филм од 2001 „Одисеја во вселената“, во режија на Стенли Кјубрик.

Пред околу четири години, слични предмети се појавија на различни места, вклучително и еден во американската пустина Јута.

Во ноември 2020 година, тој беше забележан од пилот на хеликоптер. Отприлика во исто време, еден бил пронајден во Романија, како и еден во Калифорнија и на островот Вајт во Англија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Историска средба меѓу Трамп и Путин. Што договорија?

Уште еден монолит се појави на врвот на ридот во Велс во март.

Очевидци велат дека скулптурата изгледала совршено исправено.

Засега не е познато кој ги поставува овие необични предмети.

Полицијата: Сега на непозната локација

Монолитот од Јута, за кој се верува дека е првиот во серијата, бил вграден во карпа во област толку оддалечена што властите не ја откриле веднаш неговата локација поради страв дека љубопитните луѓе ќе се изгубат обидувајќи се да го најдат.

Loading...

Меѓутоа, онлајн „детективите“ набрзо ги пронајдоа координатите на монолитот, а во областа пристигнаа орди љубопитни туристи, од кои некои мислеа дека се работи за вонземски објект.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп му порача на Зеленски: Мирот зависи од тебе

„Оваа работа е надвор од овој свет“, рече поручник Ник Стрит од Одделот за јавна безбедност во Јута во 2020 година.

За да се избегне истата ситуација, властите во четвртокот отстранија монолит од Невада кој незаконски бил поставен на државно земјиште.

Полицијата соопшти дека објектот сега е на тајна локација.

Фотографиите од отстранувањето на монолитот покажуваат голема дупка во земјата и арматура која штрчи од конструкцијата.