Ако овие денови ги разгледувавте социјалните мрежи, сигурно сте налетале на барем едно видео од девојка со хаштаг #hawktuah.
Само на TikTok во изминатите неколку дена беа објавени 14 милиони видеа со тој хаштаг.
Доколку сте го пропуштиле ова видео, еве за што се работи.
Девојката стана вирална сензација за нејзиниот одговор на прашање од инфлуенсер на ТВ Тим и Ди, во кое креаторите на социјалните мрежи им поставуваат прашања на случајни минувачи на улиците.
Необичниот одговор стана хит
Така ја застанаа оваа девојка која неочекувано стана вирална сензација.
View this post on Instagram
Инфлуенсерот ги запрел неа и нејзината пријателка за време на ноќно излегување во Нешвил и ги прашал:
„Кој потег во креветот секој пат ги полудува мажите?“
Девојката набрзина одговори:
„Треба да им го дадеш тој „hawk tuah“ и да плукнеш на онаа работа!“, а потоа се поздрави со своето момче.
Инаку, „hawk tuah“ е ономатопеја за звукот на плукање.
Of all the Hawk Tuah memes I’ve enjoyed this one the most pic.twitter.com/CntjxTRJwe
— Dave Loughran (@Loughy_D) June 22, 2024
Видеото беше објавено на Инстаграм на 11 јуни и оттогаш стана вирално на социјалните мрежи.
Многумина ја опишаа девојката како многу харизматична и шармантна, па ги интересираше која е таа.
Странските медиуми пишуваат дека се вика Хејли Велч, но за жал на нејзините многубројни обожаватели, тоа е единственото нешто што засега е познато.
Откако нејзиното видео стана вирално на социјалните мрежи, Хејли ги затвори сите нејзини профили на социјалните мрежи.
Го освои интернетот
Настрана од прашања, бројни компилации од видеа на TikTok и многу повеќе, X е полн со мемиња за оваа девојка.
Дополнително, таа го добила прекарот hawk tuah girl.
hawk tuah girl is the perfect addition to an already fantastic white boy summer 😎 pic.twitter.com/cTkfMhIIqH
— Freckled Liberty 🔥 (@FreckledLiberty) June 21, 2024
„Се надевав дека само јас се заљубив во неа, но се чини дека целиот свет се заљуби“, додаде еден тиктокер.
„Оваа девојка го освои интернетот“, пишуваат коментаторите.
Но, сè уште не е крајот. Терминот hawk tuah почна да се печати на капи, маици…
„Оваа девојка го обедини светот повеќе од било која друга досега“, се пошегува еден корисник на Твитер.