Двајца кумановци го нарушиле јавниот ред со физичка пресметка

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во населба во градот.

Loading...

– На 22.06.2024 во 15.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на населба во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.М.(47) и Г.М.(54), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во Куманово, пронајдена дрога