Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред за околу три отсто

Сподели со своите пријатели

На светските пазари минатата недела цената на нафтата порасна, вторпат по ред, за приближно 3 отсто, бидејќи трговците очекуваат зголемување на побарувачката на „црното злато“ во вториот дел од годината.

Loading...

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 3,2 отсто, на 85,24 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 2,8 отсто, на 80,73 долари.

Растот на цените втора недела по ред се должи на проценките дека побарувачката ќе се зголеми во вториот дел од годината.

Во Америка започна летната сезона на патувања

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) одлучи благо да го зголеми производството кон крајот на годината, проценувајќи дека побарувачката треба да закрепне – оваа година да се зголеми за нешто повеќе од два милиони барели дневно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британските власти ја казниja банката Барклис со 48 милиони евра поради сомнителни трансакции

И Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) очекува раст на побарувачката, но половина послаб.

Во САД, најголемиот светски потрошувач на нафта, започна летната сезона на патувања, а аналитичарите од инвестициската банка Голдман Сакс проценуваат дека пазарот во третиот квартал ќе биде во дефицит од 1,3 милиони барели дневно.

На зајакнувањето на побарувачката упатува и фактот што залихите на нафта во САД минатата недела се намалија за 2,5 милиони барели, а потрошувачката, според податоците за понудата на бензинските пумпи, се зголеми за 1,9 милиони барели дневно.

Нема да се брза со намалување на каматите

„Цените ова лето би можеле да бидат поддржани од сезонското зајакнување на побарувачката, разгорувањето на конфликтот меѓу Израел и Хезболах и сезоната на урагани“, објаснуваат аналитичарите на Сити.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работниците на Амазон во 20 земји ќе протестираат на црниот петок

Од друга страна, повисокиот раст на цените беше запрен со пораките на голем број лидери на американската централна банка дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки бидејќи инфлацијата во САД се уште е далеку над целните нивоа на ФЕД од 2 отсто.

И повисоките каматни стапки значат дека ФЕД се обидува да го забави растот на побарувачката и економијата, што може негативно да влијае на побарувачката на нафта.

Главно поради геополитичките тензии на Блискиот Исток, цените на нафтата се во пораст во однос на почетокот на годината – речиси 11 отсто на лондонскиот пазар, а околу 12 отсто на американскиот пазар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија стана главен трговски партнер на Русија во ЕУ