Горан Минчев од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е нов министер за јавна администрација во кабинетот на Христијан Мицкоски.
Горан Минчев е роден 1972 година во Скопје.
Тој е генерален секретар на Движење ЗНАМ за Наша Македонија.
Дипломиран Економист на Универзитетот „Св. Климент Охридски”.
Тој е и оранешен Пратеник во Собранието на Р.М во период од 2008 до 2014.
Во своето работно порфоило има и дека работел како директор на Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија од 2003 до 2006, а бил и Заменик директор на ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје во 2002 и 2003 година.
Во неговата биографија приложена со Собранието стои и дека од компјутерски вештини познава Windows enviroments, Microsoft Advanced Office Pro Sertificate, Internet Research, Email Operative System, Project, Visio. Македонскиот јазик е наведен како мајчин јазик, а од странските јазици познава англиски.
Од денеска ќе ја извршува функцијата министер за јавна администрација.
Никола Ивановски