Нов голем напад на Русија врз украинската енергетска инфраструктура во текот на ноќта

Сподели со своите пријатели

Руските вооружени сили во текот на ноќта извршија нов масовен напад врз енергетската инфраструктура на запад и југ на Украина, соопшти украинското Министерство за енергетика

Loading...

Објектите на Укренерго (украински оператор) во регионите на Лавов на запад и на Запорожје на југ се оштетени, при што двајца работници се повредени и хоспитализирани, додаваат од Министерството.

Во соопштението се наведува дека ова е осми масовен напад врз украински електрани во последните три месеци, кој предизвикува чести прекини на електричната енергија.

Русија, интензивирајќи ги своите напади, уништи половина од енергетскиот капацитет на Украина, изјави претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски и повика на поставување соларни панели и единици за складирање енергија „во секое училиште и во секоја болница, што е можно поскоро“.