75-годишник од Куманово се тепал со 25 години помлад сограѓанин

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а едниот од нив употребил и тврд предмет.

Loading...

– На 20.06.2024 во 11.36 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С.(75) и С.Х.(50), двајцата од Куманово, при што Б.С. употребил тврд предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Родилка почина во кумановската болница