Спортската сала во Куманово добива нов лик, информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
– Интензивно се работи на целосна реконструкција согласно ФИБА стандарди, очекуваме нејзино официјално пуштање во употреба на 11 Ноември годинава, информираше градоначалникот.
Од фотографиите може да се заклучи дека дел од објектот е веќе реконструиран. Тибините се завршени, а според претходните најави се очекува да се постави нов паркет.
Воедно салата ќе добие и модерна спортска опрема за повеќе видови спорт, а од кровот ќе виси семафор со лед екрани од четири страни.
Според засега неофицијални информации, на денот на градот, кошаркарската репрезентација на Македонија се очекува да одигра натпревар токму во оваа сала.
Никола Ивановски