Едно лице загина, а три се повредени и пренесени во болница по пукање во приватна куќа во градот Вон во југоисточна Канада.
Полицијата во регионот Јорк во канадската провинција Онтарио соопшти дека инцидентот се случил околу 9:30 часот во куќа во областа помеѓу Mejxor Мекензи Драјв и Вестон Роуд во населбата Вудбриџ во Вон, јавува канадскиот јавен сервис CTV.
Едно повредено лице е пренесено во болница со повреди опасни по живот, други две се здобиле со тешки, но не опасни по живот повреди, а едно лице е пронајдено без знаци на живот, соопшти полицијата.
„Раните фази на истрагата покажуваат дека овој инцидент е изолиран и нема непосредна закана за јавноста“, рече портпаролката на полицијата Лиза Москалук, додавајќи дека нема информации за односот меѓу жртвите и сопственикот на домот во кој дошло до пукање.
Жителите во близина изјавија за CTV News Toronto дека биле вознемирени откако ги слушнале истрелите, при што еден од нив потврдил дека слушнал 10 истрели, по што следела кратка пауза, а потоа уште пет до шест истрели.