Велики петок е неработен ден за граѓаните на Република Македонија

Сподели со своите пријатели

Петок пред Велигден, односно Велики Петок – 29-ти април е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед, информираат денес од Министерството за труд и социјална политика.

Одлуката овој ден да не биде работен е согласно Законот за државни и верски празници на Република Македонија, а неработен ден ќе биде и 2-ри мај.