Викенд прогноза за Куманово: Продлжува портокаловата фаза!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и многу топло со слаб до умерен северен ветер.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 19 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне до високи 37 степени целзиусови, поради што на сила е портокалов метео аларм.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца пијани возачи приведени викендов во Куманово

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме повторно сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од запден правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, а максималната во текот на денот ќе се искачи до 37 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Недела носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерен ветер од западен, односно северозапден правец.

Минималната температура ќе се движи околу 18 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 35 степени целзиусови.

 

 

Од понеделник се очекува минимален пад на максималните температури.

Никола Ивановски