Фреди Фигерс го добил својот прв компјутер на деветгодишна возраст. Бил тоа стар уред и не функционирал, но било почеток на „љубовната врска“ со технологијата што го претворила во пронаоѓач, претприемач и милионер во телекомуникациите – иднина што малкумина можеле да ја предвидат со оглед на неговото тешко детство.
„Не дозволувај твоите околности да дефинираат кој си ти“
Само еден совет што 31-годишниот претприемач Фреди Фигерс сака да им го пренесе на другите е да не дозволите околностите во животот да ве дефинираат.
Кога имал осум години, го прашал својот татко Нејтан за неговото детство, а одговорот бил шокантен.
„Тој рече: „Слушај, ова ќе биде тешко Фред. Твојата биолошка мајка, таа те фрли како бебе во контејнер. Јас и Бети не сакавме да те пратиме во згрижувачко семејство и те посвоивме и ти оттогаш си мојот син“.
Фреди бил пронајден како новороденче покрај контејнер во рурална Флорида.
View this post on Instagram
„Кога ми го кажа тоа, бев како „Во ред, јас сум ѓубре“ и се чувствував непосакувано. Но, тој ме фати за рамо и ми рече: „Слушај, никогаш не дозволувај тоа да те мачи и да те кочи“.
Нејтан Фигерс бил работник за одржување и мајстор, а Бети Меј Фигерс, работничка на фарма.
Тие живееле во Квинси, рурална заедница од околу 8.000 луѓе во Северна Флорида и биле во нивните 50-ти кога Фреди се родил во 1989 година.
Тие веќе згрижувале многу деца, но решиле да го примат Фреди кога имал два дена и да го посвојат како свој син.
Фреди вели дека му ја дале сета љубов што можел да ја посака – но другите деца биле брутални и лоши кон него.
„Децата ме малтретираа и ми викаа: „Напуштено бебе“, „Треш момче“, „Никој не те сака“, „Ти си валкан“, вели тој.
„Се сеќавам на денот кога се симнував од училишниот автобус и децата доаѓаа зад мене, ме фаќаа и ме фрлаа во корпата за отпадоци. Поради тоа, татко ми често ме чекаше на автобуската станица за да ме испрати дома, но и децата му се потсмеваа“, се сеќава Фреди.
Што се однесува до Фреди, Нејтан и Бети Меј биле херои и одлични модели.
„Го видов татко ми како секогаш им помага на луѓето, застанува покрај патот за да им помогне на странците, ги храни бездомниците“, вели тој.
„Тој е неверојатен човек. Тоа е човекот на кој сакам да се загледувам и да бидам како”.
За време на викендите, Фреди и Нејтан се возеле наоколу барајќи работи во контејнерите. Тие барале корисни работи што сопствениците ги фрлиле, а Фреди особено фрлил око на еден компјутер што не работи.
„Постои една стара поговорка: „Ѓубрето на еден човек е богатство на друг“, вели Фреди, додавајќи:
„Отсекогаш сум бил фасциниран од компјутерите. Отсекогаш сум сакал компјутер, но не можевме да си дозволиме во тоа време. Конечно, еден ден кога Фреди имал девет години, отишле во продавница за половни машини, каде наишле на расипан компјутер. Фреди го купил за 24 долари и бил како што вели „воодушевен“.
Скршениот Mac станал центарот на неговото внимание.
„Кога го дојдов дома и не сакаше да се вклучи. Додека гледав во него, видов скршени кондензатори. Имав пиштоли за лемење, радија и будилници, па зедов делови од радиото со будилник на татко ми и ги залемив на таблата. По околу 50 обиди, вели тој, компјутерот конечно се вклучил – и токму во овој момент, вели Фреди, знаел дека сака да го помине својот живот работејќи со технологијата.
Имал 12 години кога другите ги забележале неговите вештини. По училиште, додека другите деца си играле на игралиштето, Фреди почнал да ги поправа расипаните компјутери во компјутерската лабораторија на училиштето.
Кога директорката на училиштето го видела Фреди како поправа расипани компјутери, таа го замолила да дојде кај неа со неговите родители.
„Кога стигнавме таму, таа ми покажа еден куп компјутери, можеби 100 од нив наредени, и ми рече: „Ми треба некој да ги поправи овие компјутери“.
Оттогаш, Фреди секој ден после училиште поминувал време поправајќи еден куп компјутери, за 9 евра на час.
Неколку години подоцна, се појавила можноста за кодирање. На една фирма ѝ требал систем за проверка на мерачите на притисокот на водата во градот, а компанијата понудила 600.000 долари за да развие компјутерска програма.
View this post on Instagram
Му препорачале на Фреди да го направи тоа, и како што рекол, го направил, но не добил 600.000 долари, ја добил својата редовна плата и си отишол дома.
Тоа беше клучна пресвртница во животот на Фреди. Решил да започне сопствен бизнис со компјутери.
Почнал сериозно да заработува и денес е еден од најдобрите во својот бизнис.
За еден уред за следење на луѓето со Алцхајмерова болест, тој заработил 2,2 милиони долари.