Познати имињата на новите министри

Сподели со своите пријатели

Познато е кој ќе седне во министерските столчиња на новата влада, 15 министерства ќе добие ВМРО-ДПМНЕ, а останатите ќе бидат поделени со движењето ЗНАМ – За наша Македонија и коалицијата ВЛЕН.

Loading...

Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера ги соопшти имиња кандидатите за нови министри, откако за нив добил едногласна поддршка од партијата.

Министер за одбрана ќе биде Владо Мисалјловски, министер за транспорт и потпретседател на Владат аќе биде Александар Николовски.

Гордана Димитриовска Кочоска ќе биде министерка за финансии, додека Тимчко Муцунски ќе раководи со Министерството за надворешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анализа: 100 најголеми компании по добивка во 2023

Министерството за локална самоуправа ќе биде раководено од Златко Перински, додека за министер за информатичко општество и дигитална трансформација е предложен Стефан Адноновски.

Поранешниот репрезентативец Борко Ристовски ќе биде министер за спорт.

Сања Божиновска ќе раководи со ресорот енергетика, рударство и минерални суровини, додека Цветан Трипуновски ќе биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Актерот Зоран Љутков ќе биде министер за култура, додека Весна Јаневска министерка за образование и наука.

Loading...

На чело на Министерството за внатрешни работи ќе остане Панче Тошковски кој беше министер во техничката влада.

Министерството за политички систем ќе го раководи Љупчо Димовски.

Иван Стоиљковиќ од ДПСМ ќе раководи со Министерството за односи со заедниците, додека Министерството за интерграција и имплементација на Декадата на Ромите ќе го раководи Шабан Салиу.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анализа: 100 најголеми компании по добивка во 2023

Двајца министри ќе има Дижвењето ЗНАМ – За наша Македонија на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Така од нивните редови Игор Филков е предложен за министер за правда, додека Горан Минчев за министер за јавна администрација.

Коалицијата ВЛЕН составена од повеќе партии, ќе има пет министерства и еден вицепремиер.

Министер за европски прашања ќе биде Орхан Муртезани од Алтернатива.

Министер за животна средина и вицепремиер ќе биде Изет Меџити од Демократско движење.

Loading...

Фатмир Лимани од Беса ќе биде министер за социјална политика, демографија и млади.

Бесар Дурмиши од Беса ќе биде министер за економија и труд, додека Арбен Таравари ќе биде министер за здравство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анализа: 100 најголеми компании по добивка во 2023

Новата влада се очекува да биде изгласана од 22 до 23 јуни.

Никола Ивановски