Неделна прогноза за Куманово: Пеколно топло!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне, претежно во планинските подрачја ќе има зголемена облачност и локална појава на пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и многу топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 32 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 50.000 лица влегле во Македонија преку ГП Табановце викендов

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максимум ќе достигне 34 степени целзиусови.

Среда носи уштре потопло време. Ќе дува слаб до умерен западен и северозападен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна ќе достигне високи 36 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од минимални 16 до максимални 37 степени целзиусови.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени три лица од кумановско поради меѓусебна тепачка

 

И во петок ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерено засилен ветер од северен правец.  Минималната температура ќе се движи околу 17 степени, додека максималната ќе се искачи до 36 степени целизусови.

Високите температури ќе продолжат и во текот на викендот.

Во сабота ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, а максималната дневна ќе достигне 36 степени целзиусови.

Недела носи променливо облачно, но и натаму многу топло време. Ќе дува слаб до умерен источен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални 16 до максимални 35 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Два медала за Пливачки клуб „Атлета“ од Куманово на „Atlas Winter Cup 2025“ (ФОТО)

 

 

Следната работна недела носи благ пад на температурите.

Никола Ивановски