Четириест и двегодишен кумановец бил приведен вчера бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници.
Loading...
– На 14.06.2024 во 11.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.П.(42) од Куманово затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат оттаму, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски