Милан Вељковиќ, член на Атлетскиот клуб Куманово се закити со две медали на Меѓународниот натпревар кој деновиве се одржува во Коњу, Турција, каде нашата екипа е поканета од страна на организаторот.
Loading...
Трето место на 100 метри и второ место на 300 метра се наградите кои завршија во рацете на Вељковиќ кој и денес ќе има наптревари во категоријата 100 метри со пречки, а на крај ќе има и екипно штафетно трчање.
Тоа е голем успех, затоа што има натпреварувачи од Европа, Азија и Африка. Ова е најголем натпревар за дечиња од 2000та и 2001-ва година воопшто што постои во светот – вели Бранко Колевски, Атлетски клуб Куманово.
Станува збор за натпервар во јуниорска категорија кој ќе трае и денес и утре, а во недела навечер Милан Вељковиќ и неговиот тренер Филип Колевски се враќаат во Куманово.
Нивните успеси се доказ за потенцијалот и квалитетот со кој располагаат нашите атлетичари, а ние се надеваме дека денес ќе падне уште еден медал.