Кумановец се заканувал на брачен пар и изнудил 16.000 евра

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишен кумановец бил приведен под сомение дека се заканувал и извршил уцена „тешка“ 16.000 евра.

Loading...

– На 14.06.2024 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(37) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на 47-годишна жена од Куманово и нејзиниот 49-годишен сопруг и дека од декември 2022 година до 13.06.2024 со уцена од жената изнудил околу 16.000 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  50-годишници се тепале во казино во Куманово

Никола Ивановски