Двајца државјани на Република Албанија вчера околу 21:10 часот на граничниот премин Табановце пристигнале со автобус „Сетра“, но граничните службеници откриле дека нивните патни исправи се фалсификувани, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во пасошите биле фалсификувани на тој начин што биле избришани ознаките за забрана за влез во земјите на Европската унија која лицата Т.А. (23) и К.Л (33) ја имале.
Од страна на полициски службеник лицата биле приведени во Полициската станица за ГП „Табановце“, а патните исправи со потврда се одземени.