Пакистан: Седум војници загинаа во експлозија на бомба

Сподели со своите пријатели

Најмалку седум пакистански војници загинаа во експлозија на бомба крај пат во неделата во северозападен Пакистан, соопшти војската.

Loading...

„Воено возило налета на импровизирана експлозивна направа во областа Лаки Марват во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со соседен Авганистан, а седум војници, вклучувајќи го и капетанот, загинаа“, се вели во соопштението, пренесува Анадолија.

Зголемен број на напади

Ниту една група сè уште не ја презеде одговорноста за нападот, но Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП), чадор-организацијата на вооружените групи кои дејствуваат во Пакистан, долго време ги гаѓаше безбедносните сили во регионот.

Во соопштението на армијата се наведува дека чистењето се врши со цел „да се елиминираат сите терористи во областа“.

„Пакистанските безбедносни сили се решени да ја елиминираат заканата од тероризам и таквите жртви на нашите храбри војници дополнително ја зајакнуваат нашата решителност“, се додава.

Пакистан бележи зголемување на нападите откако Талибанците повторно го освоија Авганистан во август 2021 година.

Исламабад ги обвинува милитантите „со седиште во Авганистан“ лојални на забранетиот Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП) дека извршуваат напади на кои талибанците замижуваат.

Привремената талибанска влада во Авганистан ги негира наводите.

Loading...