Претседателката на Европската комисија и водечки кандидат на централнодесничарската Европска народна партија (ЕПП), Урсула фон дер Лајен, прогласи победа на ЕПП на изборите за Европскиот парламент и изјави дека нејзината цел е да продолжи на истиот пат – проевропски, проукраински и за владеење на правото.
„Овие избори ни дадоа две пораки – центарот се држи, но исто така е точно дека екстремите од левицата и десницата добија поддршка и затоа резултатот им дава голема одговорност на партиите од центарот“, фон дер Лајен. кажа.
Таа нагласи дека ќе разговара со социјалистите и демократите, како и со групата Обнови ја Европа.
„Сега градиме на конструктивен и докажан однос. Овие избори покажаа дека мнозинството Европејци сакаат силна Европа“, изјави таа.
Фон дер Лајен оцени дека „светот е во превирања“, додавајќи дека „некои се обидуваат да ја ослабат Европа“.
„Никогаш нема да дозволиме тоа да се случи“, рече таа.